Ердоган - Турција ќе влезе во Манбиџ ако САД не ја отстранат курдската милиција
Анкара и Вашингтон имаат несогласување во врска со позицијата на Силите за заштита на народот. Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 1984 година води вооружена борба за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ. Од друга страна, САД во Силите за заштита на народот гледаат важен партнер во борбата против Исламската држава.
Турција и САД претходно годинава постигнаа договор за Манбиџ по неколкумесечните несогласувања, кој предвидува Силите за заштита на народот да се повлечат целосно од градот.