Во првата фаза на либерализацијата, дел од потрошувачите велат дека најверојатно ќе останат да се снабдуваат кај универзалниот снабдувач, но оти понатаму нивниот избор ќе зависи од активностите на конкуренцијата. Од Регулаторната комисија не очекуваат повисоки цени на струјата за домаќинствата.