Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Каменос најави оставка пред Договорот од Преспа да стигне во грчкиот парламент

Коалицискиот партнер во грчката Влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, нема да чека Договорот од Преспа да стигне во грчкиот Парламент, туку штом поминат и завршат процедурите во македонското Собрание, ќе си поднесе оставка и ќе се повлече од Владата, јави дописничката на МИА од Атина.


„Ако продолжи и се изгласа Договорот од Преспа од страна на поранешната југословенска Република Македонија, јас ќе си дадам оставка од Министерството за национална одбрана, преземајќи ја целата тежина на оваа одговорност. Ќе се повлечам од Владата“, рече Каменос од грчкиот град Лариса, во неговото обраќање во седиштето на воздухопловните сили и објасни дека како политички шеф на армијата, обврзан е да преземе одговорност и во однос на националните прашања.


Досега, ставот на Каменос беше дека ќе се повлече од Владата, кога Договорот од Преспа ќе стигне за ратификација во грчкиот Парламент, а не штом помине во македонското Собрание.


По средбите и активностите во седиштето на грчките воздухопловни сили, Каменос даде изјава за медиумите и откри дека при вчерашна посета на караулите им рекол на припадниците на грчката војска дека тоа можеби е и негова последна посета.


Тој повтори дека неговата цврста позиција е дека не може да прифати никаков договор што го содржи терминот Македонија.


„Сфаќате дека постојат некои прашања кои се „црвена линија“ за нас и не можам јас, како политички шеф на вооружените сили, но и поради позицијата што јавно ја зазедов од почетокот на мојата политичка кариера, да прифатам да останам министер за национална одбрана и во исто време, да потпишам за предавањето на терминот „Македонија“. Јас никогаш нема да го сторам тоа. Ќе се борам, со сета моја сила, да сфатат сите, а особено странците, дека Грција ја има сета добра волја да се најде решение. Ние не сакаме војна со никој, но сакаме да сфатат дека со една пропаганда што започна од времето на Мусолини и Тито, не можат да ја оспорат историјата на грчката Македонија“, рече Каменос, пренесе МИА.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus