Три лица уапсени по железничката несреќа во Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети темелна истрага и порача дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Брзиот воз требало да мине низ станицата во Анкара без да се запира, но тогаш удрил во локомотивата која правела инспекција. Според турските медиуми, локомотивата воопшто не требала да биде таму во моментот на несреќата. Истрагата ќе треба да утврди и дали имало евентуално некаков проблем со сигнализацијата.