Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Турција најави нова воена операција во северна Сирија

Турција во следните неколку дена ќе започне нова воена операција во северна Сирија, во областите источно од реката Еуфрат, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „За неколку дена ќе започнеме операција за прочистување на реоните источно од Еуфрат од сепаратисти и терористи“, изјави Ердоган, додавајќи дека американските војници стационирани во овие области, кои им помагаат на борците на Силите за заштита на народот на сириските Курди, нема да бидат цел на операцијата. Според Ердоган, ваквиот потег на Анкара „ќе овозможи трасирање на патот за политичко решение и за поздрава соработка“. Аналитичарите проценуваат дека новата офанзива на турската Армија против борците на сириските Курди, кои се поддржани од САД, би можела да доведе до нови тензии во односите меѓу Анкара и Вашингтон, кои и онака имаат несогласување во врска со позицијата на Силите за заштита на народот. Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 1984 година води вооружена борба за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ. Од друга страна, САД во Силите за заштита на народот гледаат важен партнер во борбата против џихадистичката Исламска држава (ИД). Турција во јануари годинава започна операција против Силите за заштита на народот во реонот на Африн во северна Сирија, по што до крајот на март ги потисна курдските борци од речиси целата територија западно од реката Еуфрат. Сега силите на сириските Курди контролираат најголем дел од територија на Сирија источно од Еуфрат.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus