Грција се откажа од намалувањето на пензиите поради подобрување на финансиите
Опозициската Нова демократија ја обвини владата на премиерот Алексис Ципрас дека ја трампала Македонија за откажувањето од кратењето на пензиите, мислејќи притоа на Преспанскиот договор за името со Македонија, кој според опозицијата е продажба на грчкитенационални интереси.
Третата и последна меѓународна програма на финансиска помош за Грција заврши во август, но Атина се обврза на строга фискална политика во наредните години во замена за ветување на кредиторите дека ќе ѝ ја олеснат отплатата на постојните заеми. Кредиторите неодамна се согласија дека на грчкиот буџет веќе не му се потребни радикални мерки за да биде урамнотежен, што е постојано барање од ЕУ.