Сијарто му порача на Хан да се грижи за проширувањето на ЕУ
Сијарто изјавата ја даде по новинарско прашање на редовниот брифинг по Советот на министри за надворешни работи на ЕУ и притоа не ја спомена Македонија, ниту случајот со Груевски.
Хан, утрово запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, одговори „се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот парламент“.