Захариева: Во интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ
Захариева порача дека очекува Бугарско-македонската експертска комисија за историски и образовни прашања да постигне заедничка позиција по однос на историјата. Со тоа, според неа не се прави ништо погрешно, туку ќе се каже вистината за историјата за двете држави. Захариева смета дека не смее да останат нерешени прашања пред зачленувањето на Македонија во ЕУ.