Хан - Малку е веројатно Груевски да биде екстрадиран
Груевски беше осуден на две години затвор за случајот Тенк на СЈО, но избега од Македонија пред да почне да ја издржува казната и во Унгарија доби политички азил.
Хан изјави дека со министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска минатата недела разговарале за „патот напред“ за Преспанскиот договор во наредните недели, како и за реформите кои треба да се спроведат за Македонија да добие позитивен извештај од Европската комисија.