Русија не сака Германија да посредува во кризата со Украина
„Нема потреба од набљудувачи и медијатори кога станува збор за Азовското Море и Керченскиот Теснец, рече Лавров на состанокот на ОБСЕ во Милано, додавајќи дека Маас и другите партнери, наместо тоа, треба „да ги убедат Американците да дојдат на преговарачка маса и да почнат да зборуваат конкретно (за контрола на оружјето), а не да нè обвинуваат нас од преку за Атлантикот”.
Москва и Вашингтон ги разменуваат обвинувања за кршење на Договорот за елиминација на нуклеарни проектили со среден дострел.