Македонските градови се едни од најзагадените во Европа. Мерните станици во главниот град веќе подолго време покажуваат дека воздухот ги надминува границите на дозволената загаденост. Граѓаните се гушат, а надлежните велат дека работат на случајот, но дека резултати не можат да се видат преку ноќ.