Кина бара ослободување на директорката на Хуавеи
Дел од аналитичарите велат дека нејзиното апсење ќе ги засили тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон, кои веќе се напнати по меѓусебното воведување извозни тарифи.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека нејзиното апсење е пример на „арогантната“ американска надворешна политика и покажува дека Вашингтон ги наметнува своите закони и таму каде што нема јурисдикција.
Хуавеи е најголемиот производител на мрежна опрема во светот, која се користи од телефонски и интернет компании.
Американските разузнавачи ја обвинија компанијата дека служи како параван за шпионирање од кинеската армија и од разузнавачките служби.
Вашингтон повторно воведе санкции против Иран, откако САД во мај соопштија дека се повлекуваат од нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили од 2015 година.