Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Прибе во контрола на судските реформи во Македонија

Германскиот дипломат Рајнхард Прибе во изминатите три дена престојуваше во Скопје, на чело на групата високи експерти по владеење на право кои ја оценуваа состојбата со владеењето на правото во Македонија во 2015 и 2017 година.


Целта на оваа посета, според канцеларијата на ЕУ во Скопје, беше да се направи увид во спроведувањето на препораките што ги даде групата во однос на судските реформи. Прибе имаше средби со чинители во сферата на правосудството и владини претставници за да го оцени постигнатиот напредок и да ги посоветува властите како да остварат видливи резултати. Прибе, меѓу другото, потсети на потребата следниот пакет измени на Законот за судови и на Законот за судски совет целосно да ги содржат веќе издадените и претстојните препораки од Венецијанската комисија и експертите од ЕУ.


Прибе уште еднаш ја нагласи потребата да се обнови довербата во судските институции, особено преку конкретни мерки за зголемување на транспарентноста и за промена во однесувањето. Воедно, инспекциите на Системот за електронско распределување на судските предмети (АКМИС) треба да дадат конкретни резултати преку истраги од страна на Јавното обвинителство и проверка од страна на Судскиот совет. Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да работат на препораките од групата високи експерти по владеење на право, особено оние кои се однесуваат на штитење на независноста на судството и на осигурување на неговата отчетност.


Прибе ја нагласи и потребата да се спроведат препораките од оценската мисија за обуките во Академијата за судии и јавни обвинители, се наведува во соопштението на Канцеларијата на ЕУ во Македонија. Посетата на Прибе е дополнување на помошта што ЕУ ја обезбедува за тековните реформи во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, заедно со експерти од ЕУ што им помагаат на овие тела. Тој ќе ја извести Европската комисија во контекст на подготовките на следниот редовен извештај за земјата, што ќе биде објавен следната пролет, се наведува во соопштението.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus