Одбиена жалбата на екс-директор на УБК Атанасовски за притворот
"Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот В.А. изјавена против решение на судија на претходна постапка со кое се прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбата како и фактите и доказите во предлогот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судија на претходна постапка", соопшти Кривичниот суд.
Атанасовски се товари за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“. Притворот од 30 дена на 5 декември му го одреди судија на претходна постапка поради инволвираност во настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Мак