Лавров - Уставните измени наметнати со уценување и поткуп на пратеници
„Референдумот, како што е познато, не успеа. Во оваа ситуација во собранието, на 19 октомври, со уценување и поткуп на пратеници беа наметнати уставни измени, со директна вмешаност на странски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД што е таму. Сега се прават интензивни напори за процесот да добие конечен облик на почетокот на 2019 година. Вреди да се спомене фактот дека ваквото брзање ѝ служи на единствената цел на Вашингтон за итно вклучување на Скопје во НАТО“, вели Лавров и додава дека за европската интеграција, „консултациите со Брисел, како што говори искуството, може да траат и неколку децении“.