Понудени гаранции дека Асанж нема да биде испорачан во земја каде би добил смртна казна
„Патот е отворен за Асанж да донесе одлука да замине“, изјави Морено во радио интервју и посочи дека британската Влада дала писмени гаранции дека нема да го екстрадира Асанж, кој од 2012 година живее во еквадорската амбасада во Лондон, на некоја земја каде може да биде соочен со смртна казна.