Бугарија му забрани на Дамчевски да работи како гинеколог
Дамчевски девет месеци лажел пациентка во Македонија дека е бремена. Тој во Македонија има осумгодишна забрана за работа како доктор и е во бегство. Во меѓувреме, станал член и на Бугарскиот лекарски сојуз, а работел во една приватна болница во бугарскиот главен град.
Во пресудата против Дамчевски пишува дека „како гинеколог тој има вина за тешки злосторства извршени врз здравјето на луѓето и фалсификување документи“. Пред судот тој ја признал вината и по двете обвиненија – фалсификување на медицински документи и несовесно извршување на лекарската професија.
Раководството на Медицинскиот центар е подготвено да соработува целосно со истражните и надзорните органи за да се разјаснат околностите на случајот, наведува БГНЕС.