Коѕијас - Да бев министер ќе го потегнев Заев за уши и тоа преку НАТО, ЕУ и Нимиц
„Нимиц се активираше и добро направи и го потсети дека прекршува две точки од Времената спогодба и од Договорот од Преспа“, рече Коѕијас, одговарајќи на прашањето што тој ќе направеше доколку сè уште беше министер, јави дописничката на МИА од Атина.
Тој додаде дека две работи се важни во Договорот од Преспа и го прочита членот од договорот дека ниту една од земјите нема да се меша во внатрешните работи на другата страна.
„За тоа кој јазик ќе се изучува во Грција е во наша надлежност. Не е нивна работа“, рече Коѕијас и додаде дека второто е да се промени членот 49 во македонскиот Устав.