Реформите во фокусот на средбата меѓу Шекеринска и Димитров со Хан и Могерини
Во областа на домашните реформи главна тема била владеењето на правото, се вели во соопштението на Могерини каде се нотира дека Македонија енергично продолжува со реформската агенда.
Високата претставничка за надворешни работи ја пофалила владата за процесот на имплементирација на „историскиот договор кој го поздрави цела Европа“.
Еврокомесарот Хан на Твитер напиша дека имал „одлична“ средба со министрите.
„По последните денови, охрабрувачки е да се слушнат добри вести од Западниот Балкан“, напиша Хан. Тој им се заблагодари на министрите за „одлучноста“ во работата врз реформите кон ЕУ.