Јавна расправа во Владата за нацрт-уставните амандмани
Владата соопшти дека организира серија јавни дискусии со експертската јавност и граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измена на Уставот, „со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на авропската и атлантсакта иднина на Македонија.
На денешната прва јавна дискусија ќе говорат премиерот Зоран Заев и универзитетските професори Владо Поповски и Љубомир Фрчковски. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави дека дебатите за уставните измени се отворени и јавни и оти секој може да учествува и да го каже својот став.