Тевдовски - зголемување на платите во здравството за помал одлив на кадри
„Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни. За таа цел, од септември ги зголемуваме платите и во образованието и детската грижа. Растот на платите во јавниот сектор, воведувањето на повисоко ниво на минимална плата, како и владините мерки за поддршка на раст на платите, ја придвижи спиралата на плати и во приватниот сектор“, рече Тевдовски.