Вашингтон затворен поради погребната церемонија за Буш
Сепак, Трамп, кој во минатото го исмеваше семејството Буш, нема да зборува, што е прв пат од 1973 година актуелен американски претседател да не е поканет да одржи говор на погребот на претходен претседател.
Церемонијата е закажана за 17 часот по македонско време, кога ковчегот со останките на Буш, кој е изложен во Капитолот, со поворка ќе биде пренесен во Катедралата. По церемонијата, неговото тело ќе биде пренесено во Тексас, каде што ќе биде погребан во претседателската библиотека во градот Колеџ Стејшон, каде што е погребана и неговата сопруга Барбара, која почина во април годинава, и нивната ќерка Робин, која умрела од леукемија во 1953 година на тригодишна возраст.