Хан пристигна во Приштина на средба со Харадинај
По оваа изјава на косовскиот премиер, состанокот продолжи зад затворени врати. Еврокомесарот Хан допатува попладнево во Приштина на разговори со државниот врв во врска со воведената такса од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина.
Претходно денеска Хан го посети Белград, каде на истата тема разговараше со претседателот на Србија Александар Вучиќ, по што најави дека ќе бара од Приштина итно укинување на спорната такса.