Катар го напушта ОПЕК
Тој рече дека Катар планира да го зголеми извозот на течен природен гас од 77 на 110 милиони тони годишно, како и дека планира да го зголеми производството на нафта од 4,8 на 6,5 милиони барели дневно.
Засега нема коментар од ОПЕК.
Членките на ОПЕК, Саудиска Арабија и Русија, пред два дена објавија дека го обновиле договорот за ограничување на нивното нафтено производство.
ОПЕК е меѓудржавна организација во која членуваат 15 држави кои произведуваат 44 отсто од нафтата во светот и се проценува дека контролираат 81 проценти од светските нафтени резерви.
Повлекувањето на Катар од организацијата доаѓа во време на тензии со Саудиска Арабија, со која се натпреваруваат за регионално влијание. Минатата година, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар, поради, како што наведоа, катарската поддршка за тероризмот. Тие бараат Катар да ги намали дипломатските односи со Иран и да ја прекине воената координација со Турција.