Над 100 затвореници избегаа од индонезиски затвор за време на молитвата
Со тегови и метални прачки, затворениците ја пробиле оградата и избегале преку оризовите полиња. Стражарот е полесно повреден.
Најмалку 26 избегани се веќе фатени, а полицијата трага по останатите.
Бегствата од преполните затвори се чести во Индонезија. Минатата година од затвор избегаа 440 осуденици, исто така за време на молитвата, а во 2013, за време на затворски бунт, избегаа околу 240 затвореници, меѓу кои и неколкумина осудени за тероризам.