Неизвесно обраќањето на претседателот Иванов пред Парламентот
Во декември Собранието има планирано три седници, евентуално четири до пет, вклучувајќи и за обраќање на Иванов, доколку побара. Мандатот на Иванов истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани најверојатно на крајот на јануари или почетокот на февруари, информира Џафери.
Во врска со Договорот од Преспа, за кој законот за ратификација нема потпис од претседателот на државата, и не е доставен во Службениот весник, Џафери рече дека ќе биде испратен без потпис на Иванов, но не прецизираше кога.