Речиси целосно згасна увозот на српски производи во Косово
Портпаролот на Царината на Косово, Адриатик Ставилеци изјави за приштинскиот портал дека вредноста на стоките кои влегуваат во Косово од Србија е мининална споредено со онаа пред воведувањето на таксата.
"Реално, додека пред владината одлука имавме по 100 до 120 шлепери од Србија и Босна и Херцеговина, главно од Србија, сега, по донесувањето на одлуката за 100 отсто царина, имаме оцаринето само два товари", изјави Ставилеци.
Тој информира дека двата увезувачи, кои пренесувале суровини, ја платиле таксата од 100 отсто и дека ги исполниле условите од декларацијата, пропишани со последната одлука на Владата.