Ахмети- Договорот со Грција не смее да биде архивиран и заборавен
Ахмети во својот говор потсети и на опасностите од неуспехот на договорот од кој може да зависи и стабилноста на регионот.
“Има и такви кои работат да не успее овој договор, но немаат простор и не треба да се дозволи тој да пожолтува во архивите. Со неуспехот на договорот нема да има мировен процес, ниту интеграција во НАТО и ЕУ, но исто така нема да успее многу важниот процес за зацврстување на мирот и стабилноста во јужна Европа и целиот Балкан”, истакна Ахмети.