Коцијанчиќ: Косово да ги повлече таксите, тие се провокативни и навредливи
"Властите на Косово мора веднаш да ги повлечат овие мерки. Сите дејства, мерки и изјави кои се провокативни и навредливи се длабоко вознемирувачки и не придонесуваат за дијалогот за нормализирање на односите”, изјави Коцианчиќ.
Претставниците на Европската комисија и пред денешната изјава на Коцијанчиќ, реагираа на воведувањето на таксите. Могерини минатата недела побара од косовските власти итно да ја повлечат оваа одлука, а исто го побара и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.