Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Москва бара Договорот од Преспа да се разгледува на Советот за безбедност на ОН

Рускиот амбасадор во ОБСЕ Александар Лукашевич со серија твитови ги коментира политичките случувања во Македонија, ги обвинува западните земји за мешање во внатрешните работи на земјата и го повторува порано искажаниот став на Москва дека Договорот од Преспа треба да биде разгледан во Советот за безбедност на ОН.


„Евентуалниот конечен договор, во согласност со став 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН, ќе биде разгледан од Советот за безбедност на ОН“, наведува Лукашевич во твитовите што ги пренесува и Руската амбасада во Скопје.


Во контекст на политичките случувања, Лукашевич вели дека „мешањето на САД и другите западни земји во внатрешните работи на Македонија предизвика повторно враќање на акутната политичка криза во земјата која не е надмината повеќе од три години“.


„Јавната доверба во институциите и демократските процедури во Македонија се поткопани. Референдумската алатка и парламентарната процедура беа дискредитирани. Прогонот на оние кои не се согласуваат со политиките на владата на Македонија се интензивираат. Продолжува невидениот притисок врз претседателот на државата, а се појавија и информации дека телефоните во неговата канцеларија се прислушуваат“, наведува рускиот амбасадор во ОБСЕ во пораките на Твитер.


Министерството за надворешни работи на Русија минатиот месец обвини дека поддршката за почеток за уставни измени заради имплементација на Договорот од Преспа, била обезбедена со уцени, закани и купување гласови. Крајната цел, според Москва, е САД и западните сојузници по секоја цена да ја внесат Македонија во НАТО. Руската амбасада во Скопје потоа објави дека Москва не го менува ставот во однос на уставното име на Република Македонија.


„Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува“, напиша на Твитер на Руската амбасада во Скопје, веднаш по изгласувањето на одлуката во македонското Собрание за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus