Словенија ќе ја добие првата жена началник на генералштаб
Словенечките медиуми јавуваат дека промената на врвот на генералштабот е очекувана затоа што сегашниот началник бил поставен на тоа место како привремено решение.
Аленка Ерменц дипломирала на Факултетот за општествени науки во Љубљана и на Кралскиот колеџ за воени науки во Лондон, а во 2009 година завршила постдипломски студии на Универзитет во Лондон. Во словенечките вооружени сили е веќе 27 години. Во март годинава беше назначена за заменик-началник на Генералштабот, што тогаш беше највисока позиција за една жена во армијата на Словенија.