Оставки на српските градоначалници во северно Косово
Четворицата градоначалници оставките ги поднесоа на вонредните седници на општинските совети, на кои се разгледува политичката и безбедносната ситуација во местата со мнозинско српско население по одлуката на владата во Приштина за таксите за производите од Србија и Босна и Херцеговина.
Поради, како што оценува СЛ, сè потешката состојба на српското население по одлуката на Владата на Рамуш Харадинај, оваа партија денеска организира протест, кој ќе се одржи на пладне во северна Митровица.