Јанакиески тврди дека немал сметки во странство и не планирал бегство
Тој порача и дека СЈО требало да направи проверка со кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов и да бидат проверени снимки од безбедносните камери за посетите кај претседателот. Тој побара даму биде дозволено да се грижи за семејството и од слобода да се подготвува за одбрана пред судот. Јанакиески тврди дека немал сметки во странство и оти не планирал да бега.
Обвинителката Лиле Стефанова, истакна дека решението за определување мерка притвор на Јанакиески е законито, како и дека не може да го задржат од бегство ако е на слобода. Апелацискиот суд има рок од 48 часа да донесе одлука по жалбата на Јанакиески за мерката притвор.