Семејствата на убиените во Диво Насеље протестираат во Пеќ
Меѓу транспарентите што ги носат учесниците на протестот има и такви кои прашуваат каде се останатите членови на кумановската група, како и пораки дека заштитата на воените ветерани е морална обврска на Косово.
На една од пораките се вели дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски избега токму преку Албанија, пред да добие азил во Унгарија.
Во нападите во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили, а околу 40-тина беа повредени. Беа убиени и 14 напаѓачи.
Пред една година, 34 луѓе беа осудени за тероризам и терористичка организација за поврзаност со вооружените судири во Диво Насеље. Осуммина беа осудена на доживотен затвор, додека најмалата изречена казна беше 12 години. Четворица од обвинетите беа ослободени од одговорност.