Најмалку четворица војници загинаа кога во станбениот кварт Санџактепе во Истанбул се урна турски воен хеликоптер, јави Анадолија. Во инцидентот е повреден еден војник. Засега не е позната причината за уривањето на хеликоптерот. На местото на инцидентот пристигнаа повеќе возила на полицијата и Брзата помош. Не е познато дали има жртви на земја, имајќи предвид дека хеликоптерот паднал меѓу станбени згради.