Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Владата очекува осумте пратеници да останат на ставовите за промена на Уставот

 Премиерот Зоран Заев се надева дека поддршката од осумте пратеници за измени на Уставот ќе продолжи и покрај притворањето на Јанакиески, Божиновски и Мијалков.


Одговарајќи на новинарско прашање дали притворањето на овие тројца функцонери од ВМРО-ДПМНЕ го доведува во прашање процесот на помирување, со оглед на тоа дека пратеници од независната група најавија дека има можност да не го дадат својот глас за промена на Уставот, Заев смета дека во фазата која следува за промена на Уставот е потребно просто мнозинство и дури во јануари ќе биде потребно двотретинското мнозинство.


"Јас на овој процес во парламентот гледам како на политички дијалог и гледам на начин како преку инклузивни процеси да можеме да го зголемиме мнозинството. Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае. Јас се надевам дека ќе останат на своите ставови, заради тоа што процесот како тече дискусијата за нацрт-амандманите на Уставот инклузивноста ќе заврши јавната дебата по втората пленарна седница, која е планирана на 1 декември и ќе ги соопштиме амандманите по кои уште еднаш ќе потврдиме сериозна вграденот на опозициските дискусии и предлози во самите уставни амандмани, што според мене ќе значи потврдување на довтретинското мнозинство, па дури и негово зголемување", рече премиерот Заев.


Додаде дека тоа е само негова надеж, а испрати порака дека правото и правната држава, владеењето на правото се императив во Република Македонија и дека не треба да има никакво мешање во правосудството.


Одговарајќи на прашање дали разговарал со осумте пратеници по апсењето на Мијалков, Заев рече дека со некои од нив има воспоставено контакти и разговарале, но тоа било во функција на продолжување на дебатата внатре во Парлментот.


Пленарната седница почнува на 1 декември, а по неа треба да почне и јавната дебата по предложените уставни измени. Смета дека во овој процес ќе се дознае колку опстојува двотретинското мнозинство, дали се намалува или се зголемува. рт/хс/


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus