Романија ја отвори православната црква и порај спорот околу трошоците
Изградбата на катедралата со височина од 120 метри во Букурешт, која ќе може да собере околу 5.000 верници започна во 2010 година и треба да биде завршена во 2024 година. Таа се гради во бизина на палатата на парламентот изградена во времето на починатиот комунистички диктатор Николае Чаушеску. Романската православна патријаршија вели дека недовршената зграда досега чинела 110 милиони евра (125 милиони долари). Трошоците кои изнесуваат три четвртини од износот што доаѓа од јавните фондови, создадоа контроверзии во земјата каде инвестициите во инфраструктурата, како што се болниците, се многу потребни. Околу 86 отсто од романското население од вкупно 20 милиони се православни верници.