Меј апелира за поддршка за Брегзит
Пред самиотот на Унијата британската премиерка Тереза Мај во јавноста излез со апел за поддршка за договорот.
Во "писмо до нацијата", британската лидерка вети "ново поглавје во националниот живот" и дека ќе влезе на самитот во Брисел "со цврста намера" да се постигне согласност за договорот Брегзит со другите 27 земји . "Тоа ќе биде договор што е во наш национален интерес - за целата земја и за нашиот народ, без разлика дали сте гласале", пишува во писмо објавено на официјалниот Твитер на страницата на премиерката."Тоа е договор за посветла иднина, што ни овозможува да ги искористиме можностите што лежат напред", додаде таа.
Дури и ако сите 27 други земји на ЕУ на денешниот самит се согласат за договорот Брегзит, за кој Брисел преговараше со британската влада, сепак Меј треба да добие одобрување во британскиот парламент.