Илјадници Чеси демонстрираа во главниот град Прага, откако вчера владата на премиерот Андреј Бабиш го преживеа гласање за недоверба предизвикано од истрага поради финансиски скандал во кој наводно е вмешан премиерот. Опозициските партии во парламентот добија само 92 од вкупно 101 гласови потребни за одобрување на гласањето.
Но, илјадници луѓе се приклучија на протестите во центар во Прага, извикувајќи слогани како "Сакаме пристојна влада".
"Владата треба да биде предводена од етички, морален и искрен човек ", изјави Иван Бартос, претседател на опозициската партија Пиратска партија.
Протестите пртив Бабиш започнаа од минатата недела.
Бабиш е обвинет за малверзација со европските субвенции за фарма која ја препишал на роднини, меѓу кои е и неговиот син