На Грција и е одобрен план за олеснување на долгот
Мерките вклучуваат подобри каматни услови и исплата на одложени плаќања, кои првично беа договорени во јуни. Советот на директори на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФФС) денеска на седница во Луксембург ја активира програмата, откако заклучи дека Грција ја исполнила листата со услови.
Грција излезе од трета програма за спас во август, но останува под внимателен надзор од институциите на ЕУ, за да продолжи со административните реформи и мерки за намалување на трошоците и покрај високите нивоа на сиромаштија и невработеност.