Иран го спроведува својот дел од нуклеарниот договор со светските сили, информира Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), две недели по воведувањето нови американски санкции против Иран.
Претседателот Доналд Трамп во мај соопшти дека САД се повлекуваат од договорот од 2015 година и на 5 ноември воведе нови санкции.
Иран предупреди дека и тие може да се откажат од договорот ако останатите потписници – Франција, Велика Британија и Германија не успеат да ги зачуваат економските придобивки ветени со потпишувањето на договорот.
Според договорот од 2015, потпишан меѓу Иран и САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, требаше да се укинат поголемиот број санкции против Техеран во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма.