Брисел бара Приштина да ги повлече мерките
Таа посочи дека сите разлики треба да се решаваат во рамки на дијалогот Приштина – Белград.
„Последните акции, мерки и изјави од Косово и од Србија, кои другата страна ги сфати како навреди и провокација, се вознемирувачки, не му користат на дијалогот и нормализацијата на односите и подриваат сè она што беше сработено во рамки на дијалогот“, рече Коцијанчич. Таа рече дека мерките кои ги воведе Приштина се кршење на ЦЕФТА договорот и не се во духот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
По неуспехот на Косово да стане членка на Интерпол, Владата во Приштина вчера донесе одлука за зголемување на таксите за производите од Србија и Босна и Херцеговина на 100 проценти.