Могерини: Советот на ЕУ во декември ќе разговара за Западен Балкан
“Tоа е апелот да се формира влада што е можно побрзо, бидејќи изборните резултати веќе се официјални. Второ, 100-процентно фокусирање на реформската агенда, што граѓаните на БиХ, а пред се младите го очекуваат тоа, а што е поврзано и со ЕУ перспективата на земјата. Исто така, неопходно е БиХ да се фокусира и на реформите на изборниот закон и загриженоста што произлегува од тоа,” посочи Могерини.
Таа додаде дека следните месеци ќе бидат пресудни за напредокот на БиХ по сите наведени приоритети.