Забранет влез во шенген зоната за 18 Саудијци поврзани со убиството на Кашоги
"Како и порано, и во овој случај има повеќе прашања отколку одговори, за самото злосторство и за тоа кој стои зад ова", рече Мас.
Мас соопшти дека забраната се однесува на 18 граѓани на Саудиска Арабија, осомничени дека се поврзани со убиството на новинар во Саудискиот конзулат во Истанбул. Портпаролот на министерството за надворешни работи изјави дека не можат да ги откријат имињата на лицата на кои се однесува забраната поради германскиот закон за заштита на приватност.