Ирачкиот претседател вети подобри односи со Иран
Иран има големо влијание во Ирак по американската инвазија од 2003 година во која беше соборен поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин. Техеран се надева дека ќе продолжи со извозот во соседната земја и покрај американските санкции.
Рохани рече дека со Салих разговарале за зголемувањето на трговијата на струја и нафтени производи, како и за воведување зони на слободна трговија во граничната зона. Тој рече дека исто така разговарале за заеднички проекти во нафтената индустрија и за подобрување на транспортните врски меѓу двете земји.
Ирак е втор најголем пазар за иранските производи, после Кина. Ирак од Иран увезува речиси сè – од храна и машини, до струја и природен гас.
Претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили потпишан во 2015 година и најави нови санкции против Техеран. Оттогаш се намали иранскиот извоз на нафта, а иранската валута изгуби повеќе од половина од својата вредност.