Лоцирана аргентинската подморница што исчезна пред една година
Откритието беше објавено само два дена откако семејствата на исчезнатите морнари одржаа комеморација на годишнината од исчезнувањето на подморницата.
Претседателот Маурицио Макри вети дека семејствата не се само во потрага по вистината. Тој вети целосна истрага по исчезнувањето на подморницата.
Федералната полиција во јануари изврши претреси во морнарички бази и други објекти, како дел од истрагата, веднаш откако владата го разреши шефот на морнарицата.