Се одбележуваат 45 години од бунтот против хунтата во Грција
Традиционалниот марш, како и секоја година, ќе започне во попладневните часови од Политехничкиот факултет, што важи за симбол на бунтот, бидејќи оттаму во 1973 година почна борбата против воената хунта. Насобраните граѓани, во најголемиот број членови на левичарски организации, здруженија и партии, протестот ќе го завршат пред Амбасадата на САД во Атина.
Освен во Атина, протестни маршеви ќе се одржат и во други грчки градови.