Борисов - Колку побргу Македонија се интегрира во НАТО и ЕУ, толку подобро за Бугарија и Грција
„Нема подобро место од Европската унија. И во Грција кога се појави кризата кој всушност ѝ помогна? Кој застана до неа? Европската унија. Ако, не дај Боже се појави проблем, кој ќе ни помогне? НАТО, Европската унија. Нашата поврзаност е и геостратешка во секоја област. И колку побргу ја видиме Македонија во Европската унија и во НАТО, толку е подобро и за Бугарија и за Грција“, рече Борисов.
Бугарскиот премиер во обраќањето, ги спомена и договорите на Македонија со Бугарија и Грција и истакна дека премиерите на трите земји биле храбри.