ЕУ укинува финансиска помош за Молдавија поради демократско назадување
Финансиката помош за земјата од ЕУ првично изнесуваше 140 милиони евра за двете години.
Исто така, комесарот за проширување Јоханес Хан за РСЕ изјави дека програмата за макро-финансиската помош од 100 милиони евра за земјата сега е суспендирана до понатамошно известување, откако привремено беше замрзната во јули.
Одликата доаѓа еден ден откако Европскиот парламент со големо мнозинство ја донесе необврзувачката резолуција која е многу критичка за Молдавија, во која се вели дека таа станала „држава заробена од олигархиски интереси.“