Унгарската амбасада во Тирана не коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата
Во меѓувреме, албанската полиција на граничните премини „Ќафасан“ на албанско-македонската граница кај Струга и аеродромот во Тирана врши верификација на тврдењата дека Груевски во Унгарија заминал преку Албанија. Полициски извори потврдуваат дека се контролираат списоците на лица кои влегле или излегле од албанска територија, а ќе се проверуваат и безбедносните камери од двата гранични премини.